А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судот протера двајца Срби кои шверцувале цигари во Македонија

by А1он10/10/2025 - 12:5572
Share0

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење.

Добивај вести на вибер

„Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

cigarikriumcarenjesvercsverc so cigari

Би можело да ве интересира

Србите уапсија македонски државјанин за шверцуваше голема количина на цигари

Горан Наумовски05/04/2026 - 19:2205/04/2026 - 19:22

Двајца шверуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски05/04/2026 - 10:5705/04/2026 - 11:36

Клековски: Законот за пушење ќе биде најпрогресивен, потребна е масовна поддршка

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:01

Една година по забраната – Словенците се уште користат е-цигари со ароми, но непроверени и купени од црниот пазар

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 12:50

Научни истражувања во Франција: Нема докази дека сите никотински производи се подеднакво штетни

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:20

Забраните за продажба не помагаат да се спречи шверц на алтернативните никотински производи, здравјето во опасност

Горан Наумовски27/03/2026 - 10:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто