Париз: Тројца се повредени, двајца имаат сериозни повреди во експлозија во телекомуникациска компанија

Од:

Три лица се повредени, двајца сериозно, во експлозија во еден од техничките објекти на телекомуникациската компанија „Оринџ“ во Париз, предизвикувајќи прекин на услугите за 80.000 корисници, изјави денес Рашида Дати, претставник на 7-миот париски арондисман.

Инцидентот се случил во подрумот на зградата на компанијата во француската престолнина, а по експлозијата избувнал пожар, при што се повредени тројца вработени, додаде Дати, објави Ројтерс.

Таа рече дека двајца од повредените се во критична состојба, додека третиот претрпел полесни повреди.

Пожарникарските екипи успеале да го локализираат пожарот, а екипите на „Оринџ“ работат на враќање на телефонскиот сообраќај и интернет услугите за околу 80.000 корисници, рече Дати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево

Тројца уапсени за нападите во Солун во кои загина 72-годишна жена

Тело на новороденче пронајдено во вреќа во парк во Париз

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он

(ВИДЕО) Немири во Париз по победата на ПСЖ, стотици се уапсени, запалени се електрични велосипеди