Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

Од:

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска потврди дека пациентот се чувствувал добро.

– Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување, изјави Ѓоргиевска Павловска.

Министерството за здравство вчера попладне преку соопштение реагираше дека со вознемиреност ја примиле веста за оружениот напад во Куманово при што повреден бил нивен колега, доктор Шаини.

– Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството, преку соработка со здравствените установи и локалните власти, потенцираа вчера од Министерството за здравство.

Воедно беше посочено дека активно ќе се соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово, со цел целосно расчистување на случајот.

Доктор Шаини, според соопштението од МВР, вчера беше повреден во оружен инцидент што се случи во 13:54 часот на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управува. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префрлен на скопските клиники.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски

Пукање кај зградата на општина Куманово, еден повреден

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија