Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Од:

Засега непознати напаѓачи попладнево пукаа во носителот на советничката листа во Општина Липково Зекирија Шахини. Тој е застрелан во престрелка пред зградата на Општина Куманово. Според очевидци, напаѓачите избегале од местото.

– Повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болница е пратен за Скопје, информираше директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски.

„Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, велат од Обвинителството.

Од МВР велат дека денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица во движење од огнено оружје пукале во возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош“.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Пукање кај зградата на општина Куманово, еден повреден

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски