СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата, реагираат од СДСМ на обвинувањата што претходно на прес конференција ги изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и лицемерието на нивната партија.
Година и пол неспособните од ВМРО-ДПМНЕ ја замајуваат јавноста, со хибридни напради, со дестабилизации, со дронови и измислени афери кои и пропаднаа една по една. Причирната е јасна, друго не знаат да сработат и да понудат. Му порачуваме на Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ дека се прочитани и дека граѓаните овие нивни лаги веќе не ги слушаат. Наместо решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ понуди само црна кампања против опозицијата, очајна стратегија на неуспешни и пропаднати политичари кои за година и пол докажаа дека власт не ја заслужуваат. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа лажна и лицемерна власт и нема да влегува во калта во која тие се чустуваат комотни. Ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето, за платите кои не ги качуваат, за партизацијата која брутално ја прават, за блокираните реформи во секоја сфера, за криминалот и корупцијата која ја јаде државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

А1он

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски