Повеќе од една година, Албанците видоа со свои очи што значи понижувањето – како се гази достоинството, како се исклучува и дискриминира среде бел ден, пред очите на светот. Тоа го видоа оние кои работат во администрацијата, незаштитени од политичкиот притисок, се наведува во соопштението од ДУИ.
„Го видоа полицајците кои служат на законот, но се третирани како непријатели од оваа власт. Гo видоа лекарите и пациентите, наставниците и родителите, бизнисите кои се казнуваат затоа што не се дел од клановите на власта и затоа што се Албанци. Понижувањето стана секојдневна реалност за Албанците.
Оваа состојба не е случајна; e резултат на мала група луѓе заслепени од личната власт. Клика која изгради систем на страв, сервилност и зависност. Група која верува дека Албанците ќе трпат бескрајно, дека ќе се задоволат со некое привремено работно место, празно ветување или патетична реченица за „соживот“ или можеби за малку пари.
Но, 19 Октомври доаѓа. И заедно со него доаѓа денот кога овој народ ќе го каже својат збор: јасно, достоинствено и без страв. Зашто понижувањето има граници, и достоинството не може да се купи. Албанците разбираат дека не се заложници на никого. Тие повеќе нема да дозволат во нивно име да се одржуваат коалиции на срамот и влади кои се хранат со сервилност.
На 19 Октомври, орлите ќе се кренат повторно. Тие ќе се упатат кон гласачките кутии за да стават крај на ова понижување, за да го вратат чувството на гордост и да отворат нова ера: на еднаквост, одговорност и почит.
Ова не е само датум на избори. Ова е референдум за достоинството и гордоста, ден кога властите ќе се вратат кај народот, а народот ќе ја преземе судбината во свои раце.
Овие луѓе знаат дека нивниот крај е близу. Затоа ќе гледаме многу паника, многу клевети, многу обиди да се плашат граѓаните.
Но, гордоста е посилна од стравот.
Достоинството и гордоста се посилни од секоја привремена власт. И 19 Октомври ќе биде доказ за тоа. Од денес, секој ден до 16 октомври, ќе ги претставуваме нашите кандидати за градоначалници со нивните програми и ќе потсетуваме како оваа нелегитимна моноетничка влада, за време на 15 месеци владеење, ја врати земјата со децении назад, велат од ДУИ.