Славески: Од утре плаќањата во евра со земјите од СЕПА ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи

Од:

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.

– Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 евра кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.

На 6 март годинава Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на СЕПА, со што им се овозможува приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 40 земји членки.

Би можело да ве интересира

Преку СЕПА, од денеска побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Првите ефекти од американските царини по пет-шест месеци, вели гувернерот

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи