Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi е симбол на нова ере, ќе ја промени државата од корен

Од:

Апликацијата m.Uslugi е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен, истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје.

– Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба, рече Мицкоски и упати посебна благодарност до министерот Андоновски и неговиот тим за, како што рече, „жестоката и напорна работа“ во реализацијата на оваа иницијатива.

Со оваа апликација, како што беше посочено, Македонија прави крупен чекор кон дигитална трансформација, обезбедувајќи модерен, ефикасен и безбеден пристап до јавните услуги за секој граѓанин.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, апликацијата е во тест фаза наменета за тестирање со реални податоци. Секој заинтересиран тестер, корисник, програмер може да ја симне на начин опишан во прикачениот документ со QR код и инструкции за инсталирање на апликацијата. По добивањето на мислења од корисниците, финалната прва верзија од апликацијата ќе биде достапна до крајот на годината. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани ентузијасти да ја симнат, тестираат и дадат коментар за супер апликацијата м.Услуги.

Би можело да ве интересира

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

Мицкоски од Виена: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби

А1он

Австрискиот канцелар: Време е целиот регион да го закотвиме во нашето семејство – во ЕУ

А1он

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија

А1он