(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Од:

Почитувани карпошани сакам да го завршам времето кога за еден документ мораше да се земе боледување. Времето кога работата со општината значеше да стоиш на шалтер и некој да ти каже недостига уште едeн печат. Општината не смее да биде макотрпна обврска, општината мора да биде услуга на еден клик. Затоа ќе ја воведам апликацијата „ Мој Карпош“ која ќе претставува дигитален сервис, преку кој граѓаните ќе може да пријавуваат проблеми, да поднесат барање, да добијат одговор, изјави Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Преку апликацијата ќе можеш да сликаш искршена клупа, запуштена шахта или оштетена инфраструктура и да го испратиш директно до одговорната служба без многу објаснување без број на предмет. Системот сам ќе го проследи а граѓанинот ќе добие известување кога ќе биде реагирано. Тоа е мојата визија за општина без изговори. Ќе овозможам и целосно електронско барање на документи како уверенија, потврди, пријави. Наместо дојди во понеделник системот ќе ти рече веднаш. За оние што не користат технологија ќе има и административци на самото лице место кои ќе пополнуваат наместо тебе. Ќе поставам интерактивна мапа на проектите каде секој граѓанин ќе може да види која улица, кога се средува што е во тек, што е завршено. Транспарентната општина не е онаа што вели ќе направиме, туку онаа што покажува еве се прави. Мојата визија е граѓанинот да не оди во општината, туку таа да дојде кај него! Не со пароли туку со интернет, не со ветувања туку само на еден клик, рече Лукровски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

(ВИДЕО) Лукровски: Решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Мицкоски: Лукроски е вистинскиот избор за Карпош, него го знам колку што се знам себе си, и најдобро знам за каков човек се работи

Горан Наумовски

Започнаа училишните спортски лиги во Карпош

Карпош доби нова административна зграда