(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Од:

Четири години ја водиме заедно оваа битка. Четири години се бориме за чист, зелен и убав Аеродром! Четири години Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не лажат, ни кажуваат приказни за мали деца, ни продаваат магла! – порача на вчерашниот митинг носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески.

https://www.youtube.com/live/9fy8Ak3TpCw

Цели 4 години ниту една од ветените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче не е изградена. Последните 2 новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ. Дури и единствената градинка која се проширува во моментов е со пари обезбедени од Владата на СДСМ пред 2 години – изјави Ристески.

Секојдневно слушаме поплаки од изневерени родители – условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства за течен сапун, влажни марамчиња, тонери, хартија и слично. Училиштата тонат во долгови за струја, вода, парно, телефон… а долговите на училиштата се најстрого чувана тајна – додаде тој.

Ветија нови 100.000 квадратни метри зеленило во Аеродром, а не можат да го одржуваат ни постоечкото. Општината никогаш не била позапуштена: неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор…

Ветија нова општинска зграда, никогаш не ја изградија. 120.000 евра годишно пари на граѓаните троши Општина Аеродром, само за кирија за објектот во кој сега е сместена!

Ветија 3.000 нови паркинг места во Аеродром, ни 100 не изградија. Ветија решавање на сообраќајниот хаос со изградба на 6 нови кружни текови и велосипедски патеки на секоја улица. Ништо од тоа не е направено. 0 кружни текови за 4 години и 0 метри велосипедски патеки се изградени за 4 години во Аеродром.

Доста беа лаги и празни ветувања. Време е за промени, време е да се избориме за нашиот дом. Имаме одлична програмска понуда и уште подобри кандидати за градоначалници и членови на Советите на Аеродром и Скопје – нагласи Ристески.

Ја барам вашата поддршка на 19 октомври. Заокружете го бројот 5 пред моето име за кандидатската советничка листа за Аеродром! Овие чесни и трудољубиви луѓе позади мене се вистински борци. Тие знаат и можат да се изборат за поубав Аеродром! – порача Ристески барајќи ја поддршката за д-р Александар Трајановски за градоначалник на Аеродром и за Каја Шукова за градоначалничка на Скопје.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски