Апасиев: Левица се факторизира како втора партија во државата

Од:

Левица првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават”, истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес, велат во соопштението од Левица.

– Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две – три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е – ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори – образложи лидерот на Левица, Апасиев.

Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.

– Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно – во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза – рече Апасиев.

– Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме – Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд – исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Би можело да ве интересира

Маринковски: Бранителите ќе бидат ослободени од комунални давачки

Левица поднесе претставка за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради забраната за рекламирање

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица, тоа се само празни, неиздржани обвинувања, вели Филипче

(ВИДЕО) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

Левица: Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградбата си крена уште еден кат