Ethereum на историски врв: технологијата и институциите го туркаат кон нови рекорди

Од:

Ethereum повторно е во фокусот на глобалниот крипто-пазар, откако ја надмина историската цена од 2021 година и се искачи над 4 900 долари. Со тоа ја зацврсти својата позиција како второ најголемо дигитално средство во светот, веднаш зад биткоин, и веќе е рангиран меѓу 25-те највредни средства на глобално ниво.

Растот на Ethereum не е само ценовен феномен, туку е резултат на комбинација од повеќе фактори: рекордна трговска активност, институционални приливи, корпоративно акумулирање и зголемена улога во DeFi и токенизацијата на реални средства. На Binance, бројот на активни ETH-трговци е четири пати поголем од почетокот на годината, со речиси еден милион корисници дневно.

Поддршка од макроекономијата и регулативата

Очекувањата за намалување на каматните стапки од Федералните резерви и појасните регулаторни сигнали како GENIUS Act и новите упатства на SEC за staking (заклучување на средства за добивање награди) ја зголемија довербата кај инвеститорите. Ова отвора пат Ethereum да стане клучна инфраструктура за стабилни коини и за институционална употреба.

Институционален капитал и корпоративни трезори

Интересот од институциите е нагласен со рекордниот прилив во американските ETH-ETF фондови, кои кои моментално располагаат со средства од 12 милијарди долари. Во исто време, над 29 милијарди долари во ETH се наоѓаат во корпоративни трезори, вклучувајќи компании кои агресивно акумулираат во последните месеци. Овој тренд дополнително ја намалува циркулацијата на Ethereum токму во момент кога побарувачката расте.

Ротација од биткоин кон алткоини

Историјата на крипто-пазарот покажува дека циклусите обично започнуваат со биткоин, а потоа капиталот се префрла во Ethereum и алткоини. Во последните недели, доминацијата на биткоин падна под 60%, што аналитичарите го толкуваат како знак дека Ethereum и другите дигитални средства преземаат поголем дел од пазарот.

Мрежни надградби и нови можности

Надградбата Pectra од 2025 година значително ја зголеми скалабилноста на мрежата, овозможувајќи поголемо учество на институционални инвеститори во staking. Дополнително, токенизацијата на реални средства – недвижности, приватни кредити, доживува експанзија, со Ethereum како водечка платформа во овој сегмент.

Од „дигитално злато“ кон „дигитална нафта“

Додека биткоин и понатаму е перцепиран како „дигитално злато“, Ethereum сè повеќе се гледа како „дигитална нафта“ – основното гориво за децентрализирани апликации, стабилкоини и Web3 економијата. Неговата вредност произлегува не само од ограниченото снабдување, туку и од активната употреба во секојдневните финансиски и технолошки процеси.

Би можело да ве интересира

Од комунална монета до глобален дигитален имот: Токенот BNB ја премина границата од 1.000 долари

A1on

Ричард Тенг, извршен директор на Binance: „Криптовалутите нудат решение за 1,4 милијарди луѓе без банкарски услуги“

A1on

Трансакциите со биткоин генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Трамп најавува дека пет главни криптовалути ќе бидат дел од стратешката резерва на САД

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

МВР: Зачестија компјутерските измами со криптовалути

Горан Наумовски