Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Од:

Синоќа, во големата сала „Борис Трајковски“, Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство. Илјадници и илјадници граѓани го исполнија секој агол од салата, додека стотици други останаа надвор поради големата толпа. Се извинуваме за ова, бидејќи срцата на Албанците чукаа толку силно што ниту една сала не можеше да ги собере. Синоќа, Скопјe и сите Албанци беа ЕДЕН ГЛАС. ВЛЕН не ветува, ВЛЕН работи. Ова го докажаа делата што секој aлбанец ги гледа денес: 40 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ затоа што сакаме вистинско знаење, а не безвредни дипломи. 25 милиони евра за плоштадот „Скендербег“ за срцето на Скопјe да чука исто за Албанците. 80 милиони евра за албанските општини, стотици спроведени конкретни проекти и речиси уште 240 милиони евра до 2028 година за фер и еднаков развој. 2300 вработени Албанци и 700 напредувани, ова е „правична и соодветна застапеност“, а не статистичка измама, велат од Влен.

„Затоа, со полно убедување ви велиме: ВЛЕН не е список на ветувања, туку инвентар на дела. ВЛЕН не е проект за кампања, туку национален проект. Владееме одговорно, работиме посветено и ја одржуваме довербата на народот. Не слушате навреди за Албанците од нас, но гледате дела за Албанците. Сега е време Албанците повторно да ја земат својата судбина во свои раце! Исто како што го ослободивме Тетово од угнетување во 2021 година, исто како што ја соборивме неправдата од централната власт во 2024 година, така ќе ги ослободиме Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Скопје и Липково. На 19 октомври, секој од нас треба да ги земе работите во свои раце. Да не дозволиме оние што се преправаат дека се патриоти да го лажат народот со празна реторика, да продолжат да ве оставаат без вода за пиење, без канализација, без патишта и без развој. ВЛЕН е гласот на Албанците, тврдат од Вреди.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори