Нетанјаху го прифаќа планот на Трамп за завршување на војната

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се обратија до јавноста по состанокот во Белата куќа, каде што Трамп презентираше предлог за прекин на војната во Појасот Газа.

„Тукушто разговаравме за прекин на војната во Газа, Иран, трговијата, Абрахамовите договори, големата слика за „мир на Блискиот Исток“, рече Трамп.

„Барем сме многу блиску. И мислам дека сме повеќе од многу блиску“, додаде тој за постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа.

Трамп рече дека е многу благодарен на Нетанјаху што се согласил со планот за Газа. Тој, исто така, потврди дека ако Хамас го прифати договорот, тој предвидува ослободување на сите преостанати заложници во рок од 72 часа.

Според планот што го презентираше Трамп, арапските и муслиманските земји ќе се обврзат да ја демилитаризираат Газа и да ги оневозможат воените капацитети на Хамас и сите други терористички организации. Тој, исто така, додаде дека Хамас се чини дека е блиску до согласност за планот, иако предупреди дека „можно е да не го сторат тоа“.

„Сите страни ќе се согласат за временска рамка за постепено повлекување на израелските сили“, рече Трамп.

Доколку Хамас не го прифати планот, „Израелците имаат право и целосна поддршка од САД да ја завршат работата за уништување на заканата од Хамас“.

Трамп рече дека неговиот план бара „Одбор за мир“, меѓународно тело со кое ќе претседаваат тој и други лидери од други земји. Поранешниот британски премиер Тони Блер, исто така, ќе биде дел од него, објави тој.

Во документ објавен од Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го претстави својот „Сеопфатен план за прекин на конфликтот во Газа“.

Планот содржи 20 главни точки, почнувајќи со тоа Газа да стане „дерадикализирана, зона без терор“ што не претставува закана за нејзините соседи, објавува Би-Би-Си. Според Скај њуз, клучните точки вклучуваат:

Доколку двете страни се согласат со предлогот, војната ќе заврши веднаш, а сите воени операции – вклучувајќи ги воздушните и артилериските напади – ќе бидат суспендирани.

Израел нема да ја анектира или окупира Газа.

Никој нема да биде принуден да ја напушти Газа, а оние кои сакаат да го сторат тоа ќе можат слободно да заминат и да се вратат.

Планот за економски развој на Трамп „за реконструкција и ревитализација на Газа“ ќе биде изготвен.

Планот предвидува во рок од 72 часа од прифаќањето на предлогот од страна на Израел, сите преостанати заложници – мртви или живи – ќе бидат вратени.

САД ќе воспостават дијалог меѓу Израел и Палестинците „за да се договори политичка рамка за мирен и просперитетен соживот“

САД ќе соработуваат со арапските и меѓународните партнери „за да развијат привремени меѓународни стабилизациски сили што ќе бидат веднаш распоредени во Газа“

Членовите на Хамас кои ќе се обврзат на мирен соживот и ќе го предадат оружјето ќе добијат амнестија.

Откако ќе бидат ослободени сите заложници, Израел ќе ослободи 250 доживотни затвореници и 1.700 жители на Газа притворени од 7 октомври 2023 година.

Влезот и дистрибуцијата на помошта ќе се одвива без пречки од двете страни преку ОН.

Хамас и другите фракции ќе се согласат да немаат никаква улога во управувањето со Газа, без разлика дали е директна, индиректна или во која било форма.

Би можело да ве интересира

Објавена мапа е мапа како ќе изгледа Појасот Газа според планот на Трамп

Американските медиуми го објавија тајниот план на Трамп за мир во Газа

ВИДЕО: Трамп му дозволи на Киев да извршува напади длабоко на руска територија

Орбан: Трамп призна дека Унгарија нема алтернатива на руската нафта и гас

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег, доста е веќе

Трамп вели дека Русија убива луѓе без причина