Русите ја погодија полската амбасада во Киев

Од:

Фрагмент од ракета го оштети конзуларниот оддел на полската амбасада во украинскиот главен град Киев денес за време на големиот руски воздушен напад, објави полската ТВП Ворлд.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Вронски, потврди дека зградата е погодена и нагласи дека никој не е повреден.

„Фрагмент од ракетата го оштети покривот, истиот оној што беше реновиран по претходниот таков напад. Загубите се мали, но нивната проценка сè уште е во тек“, рече тој, додавајќи дека никој не е повреден во рускиот напад и дека работата на амбасадата не е прекината.

Претходно, Вронски рече дека зградата изгледа била погодена од „проектил од мал калибар“ или дел од него.

„Предметот го пробил покривот и паднал во кујната на зградата“, додаде тој.

Конзуларниот оддел на полската амбасада се наоѓа во посебна зграда, на околу половина километар од главната зграда на амбасадата.

Сикорски го повика Трамп да ги врати „залихите од противвоздушна муниција во Украина и да воведе нови строги санкции против агресорот“.

„Путин се потсмева на вашите мировни напори“, му рече министерот за надворешни работи на Полска на Трамп додека ракетите го погодија полскиот конзулат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија денес лансирала речиси 500 борбени беспилотни летала врз земјата за време на 12-часовниот напад.

Најмалку четири лица беа убиени, вклучувајќи и дванаесетгодишно девојче, а околу 40 беа повредени во рускиот напад врз Киев и Запорожје во текот на изминатата ноќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека на Украина и го дал најразорното оружје во светот

Германија го повикува Путин на преговори

ВИДЕО: Конгресот повторно му пркоси на Трамп, гласаше за нови сакнции за Русија и помош за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кремљ и Трамп се огласија за писмото на Зеленски

ВИДЕО: Украина се пофали со дронот со кој „прави хаос на Крим“

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп