ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува, Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција

Од:

„Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери како лице вклучено во криминални активности и корупција“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

„САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит. Стевчо Јакимовски местел тендери и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија. Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

ВИДЕО: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно, Јакимовски за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите