Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан да даде коментар за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, рече дека таквите изјави не заслужуваат да се коментираат и не треба да им се дава никакво значење.

Ахмети синоќа од Тетово упатил порака до Владата дека доколку не продолжат со евроинтегративниот пат државата ќе се подели на две страни, едни ќе тргнат кон Албанија други кон Бугарија.

-Ако не го каже тоа Али Ахмети по што друго ќе остане впечатлив во текот на оваа кампања. Негова цел е да привлече внимание од ВМРО-ДПМНЕ. Не само негово, туку и на тие околу него. Мислам дека и вие медиумите ќе треба што помалку внимание да обрнувате на ваков тип на изјави, бидејќи не само што тоа нема да се случи туку и да не дозволиме овие политичари што припаѓаат на минатиот век и на минатото да не привлекуваат внимание, изјави Мицкоски од Струмица.

Премиерот додаде дека тие како ВМРО-ДПМНЕ и тој како претседател на Владата и претседател на најголемата политичка партија едноставно ќе ги игнорира и оти овие изјави не заслужуваат никаков коментар.

Би можело да ве интересира

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски