ЕДС со нови деловни простории и планови за регионално проширување

Од:

Новите канцеларии се симбол на „нови почетоци“ и јасна потврда за растот и стабилноста на компанијата, која повеќе од 13 години е сигурен снабдувач со електрична енергија за голем број компании, истакна главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски на брифингот со новинари на кој присуствуваше и заменик главниот извршен директор на PPC Групацијата, Џорџ Каракусис.

„Нашата мисија отсекогаш била да понудиме решенија прилагодени на потребите на клиентите и да им помогнеме во нивниот раст и развој. Со новиот простор и новата организација, уште поефикасно ќе можеме да ја исполниме оваа цел,“ нагласи Сарџовски.

Тој ги најави плановите за регионално проширување, со акцент на снабдување со електрична енергија и на косовскиот пазар.

„Нашето искуство и стабилност ќе ги ставиме во функција и на компаниите во Косово, со цел да обезбедиме сигурни и конкурентни решенија и таму,“ додаде Сарџовски.

Заменик главниот извршен директор на PPC, Џорџ Каракусис рече дека како дел од PPC Групацијата – најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа – ЕДС има капацитет да понуди прилагодени решенија како за големите, така и за малите и средни претпријатија.

„Во последните години PPC значително го прошири своето присуство во регионот и денеска е водечка енергетска компанија во овој дел од Европа, со активности во Грција, Романија, Северна Македонија, Италија и Бугарија“, рече Каракусис на брифингот.

Со вкупен инсталиран капацитет од 12.5 GW и годишно производство од околу 21 TWh од термални, хидро и обновливи извори, PPC е лидер во снабдувањето со електрична енергија во Грција и Романија, обезбедувајќи над 33 TWh електрична енергија и широк спектар на додадени услуги за повеќе од 8.8 милиони корисници. Преку ЕДС, овој капацитет и експертиза се ставени во служба на компаниите, со цел да им се обезбеди стабилност и нови можности за раст.

Сарџовски истакна дека компанијата во иднина продолжува да работи со нагласен фокус на потребите на компаниите, да инвестира во дигитализација на услугите и да нуди на пазарот иновативни тарифни модели.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 ноември изнесува 132,01 евра за мегават час, на МЕМО 130,29 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 ноември изнесува 124,47 евра за мегават час, на МЕМО 138,01 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 октомври изнесува 132,10 евра за мегават час, на МЕМО 126,95 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 октомври изнесува 99,04 евра за мегават час, на МЕМО 90,71 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 17 октомври изнесува 125,11 евра за мегават час, на МЕМО 129,59 евра за мегават час

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија