(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Од:

Денес претпладне камион цистерна кој што превезуваше нафта излета од магистралниот пат Гевгелија-Богданци. Цистерната превезуваше 25 тони нафта. Откако се преврте камионот дојде до продупчување на самата цистерна. Нафтата почна да истекува, а од ударот дојде до нејзино палење, па се крене густ црн чад кој што предизвика паника кај локалното население, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

– Гевгелиските пожарникари за брзо време пристигнаа на местото на настанот. Во разговор со командирот на гевгелиските пожарникари бев известен дека имаат специјална пена со која ќе се обидат да го изгаснат пожарот. Тие успеаја да го изгаснат пожарот, а добро е што нафтата која истекуваше од цистерната заврши во блискиот канал крај патот – рече Ангелов.

Пожарникарите истурите одредена количина песок па нафтата остана заробена во каналот, рече Ангелов.

– Стапено е во контакт со сопственикот на цистерната кој организиран собирање на нафтата од цистерната која што уште истекува, но и на дериватот кој заврши во каналот, вели Ангелов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола