Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Од:

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка.

– Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена координација по тоа што е наш интерес односно конечно отпочнување на процесот на преговори со ЕУ, а исто така и за билатералната соработка, потенцијалите што ги имаме во туризмот, во трговијата, во политичката соработка, изјави Муцунски по вчерашните средби во Њујорк.

Како што јави известувачот на МИА, тој учествуваше и на повеќе настани поврзани со неколку регионални иницијативи, на појадокот организиран од министерот за надворешни работи на Италија, Тајани, како и на ручекот организиран од Регионалниот совет за соработка.

– Пред се, ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции, за ширење на тоа што за нас е значајно како политичка порака во Њујорк, истакна министерот Муцунски.

Би можело да ве интересира

Македонија бара предвидлив европски пат без дополнителни барања, порача Муцунски

Муцински повтори дека нема услови за уставни измени

Катерина Ѓуровски

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме