(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација, изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.

„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.

Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.

„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.

При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето. Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

(ВИДЕО) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст