Во СВР Тетово, В.Д.(38) од село Џепчиште, и Ф.Ф.(39) од село Долна Бањица, пријавиле дека нивните 10-годишни деца кои учат во тетовско приватно училиште во неколку наврати претходните денови, но и на денот на пријавувањето, биле физички нападнати и насилно избркани од час од страна на наставникот Ќ.А..
За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.
Во врска со настанот Ќ.А. бил повикан на службен разговор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.