Уапсен е наставник осомничен за сексуално вознемирување на 9 годишна ученичка

Од:

Полицијата во Улцињ го уапси наставникот Р.П.(66) од тој град под сомнение за сексуално вознемирување на 9 годишна ученичка

„Полициските службеници на Одделот за безбедност во Улцињ го лишија од слобода Р.П.(66) од Улцињ, поради сомнение дека сторил кривично дело сексуално вознемирување врз деветгодишно девојче. Осомничениот е наставник, додека повреденото дете е ученик во училиште. Инцидентот е пријавен во полиција на 2 септември, по што полициските службеници без одлагање ги презедоа сите потребни мерки и дејствија, со посебна грижа и сензибилитет бидејќи станува збор за малолетно дете, со цел да се утврдат фактите во пријавениот случај“, соопшти Полициската управа.

Додаваат дека се собрани известувања од неколку лица, како и дека се преземени и други полициски мерки и дејствија.

„За сè биле информирани државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица и Центарот за социјална работа. По собирањето дополнителни информации, надлежниот државен обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ констатирал дека настанот содржи суштински елементи на кривичното дело сексуално вознемирување и наредил осомничениот Р.П. да биде лишен од слобода. Р.П. бил сослушан од надлежниот обвинител, кој потоа донел решение за притвор на осомничениот во полициските простории до 72 часа, до изведување пред судија за истрага“ – се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он