Саботер, кој, според тврдењата на Москва, работел за Украина, се преправил во старица пред да се обиде да го убие раководителот на руска воена компанија, објави руската безбедносна служба ФСБ, а објави и британскиот „Телеграф“.
Руските власти објавија фотографија од маж со шал на главата и стап во раката. Лицето е уапсено заедно со две жени за кои ФСБ тврди дека го подготвувале планот по налог на Киев.
The Bombing Babushka: 'Ukrainian Mrs Doubtfire' Bomb Plot Foiled By 🇷🇺 Security Services – FSB
There was more than just a wrinkle in this assassination plan. One suspect disguised himself as an elderly woman, allegedly in order to plant explosives on a Russian defence chief’s… pic.twitter.com/jt6KigFFsl
— RT_India (@RT_India_news) September 18, 2025
Објавени се и снимки од безбедносните камери на кои се гледа маж во здолниште како куца преку паркингот пред неименувана воена компанија, додека стои до црн теренец. Според ФСБ, тој поставил експлозивна направа на возило што претходно го зел од скривалиште на руски гробишта каде што го чекале неговите помошници.
Видеото, исто така, го прикажува апсењето на едно лице – двајца агенти го фаќаат и го соборуваат на земја. Во специјална операција е уапсена и жена. Осомничените, кои се судат за подготовка на терористички напад и поседување нелегално оружје, според ФСБ, дејствувале по наредба на Главната дирекција за разузнавање на украинското Министерство за одбрана.
Две жени, родени во 1994 и 2006 година, наводно ги следеле движењата на целта и дневниот распоред. Во пропаганден филм објавен од ФСБ по нивното апсење, тројцата притвореници тврдат дека се приклучиле на „терористичка организација“.
Според британскиот „Телеграф“, случајот следи по серија неодамнешни апсења во Русија. Порано оваа недела, ФСБ притвори жена во 50-тите години под обвинение за дигање во воздух дел од Транссибирската железница.