Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Од:

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце.

– Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе контруираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме, рече премиерот.

Мицкоски потенцираше дека утрово се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект кој што изби во 4 и 30 часот. Пожарот се случи во сервис за автомобили во Пинтија.

– Бев континурирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, и со министерот и со луѓето од ППЕ Скопје. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ тоа што го зборувам цело време дека, за жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една кратка анализа ќе го добиете, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари