Моќниот Пабло Делгадиљо наредил егзекуција на струмичанецот Дејанчо Лазаревски

Од:

Спектакуларна операција на бразилската федерална полиција и армија стави крај на потрагата по еден од најопасните луѓе во подземјето во регионот, кога го уапсија Пабло Делгадиљо, кој беше идентификуван како организатор на тројното убиство во Боливија во кое беа убиени Србинот Миљан Ѓекиќ (38), Македонецот Дејанчо Лазаревски (43) од Струмица и Хрватот Марко Шкербец (33), чии тела беа пронајдени врзани во црни вреќи во Санта Круз.

Според сомневањата на обвинителството, Делгадиљо наредил егзекуција за да испрати порака до своите конкуренти и наводно да ја преземе власта од балкански картел за трговија со дрога.

– Делгадиљо наводно бил во војна со балканските картели кои со години ја користат Јужна Америка како главен центар за шверц на кокаин во Европа. Улогата на балканец во трговијата со дрога во Боливија не е нова, но таквата брутална ликвидација на тројцата „војници“ покажува дека пресметките достигнале ново ниво – пишуваат странските медиуми.

Би можело да ве интересира

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Полицајци надгледувале дилер, кај него се најдени 57 паковки марихуана

Обвинителството бара притвор за дилер на „мара“ и на амфетамин

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор