Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Од:

Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по уништувањето на запленети дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“.

Со процесите на уништување на секој грам дрога и секое парче оружје, посочи дека државата покажува оти безбедноста на граѓаните во земјава и безбедноста на младите се крева на едно повисоко ниво.

Во денешната акција, додаде тој, уништени се над 4.000 тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, 79 килограми цвет и над 21 килограм други видови дрога, амфетамини, кокаин, хероин… Уништени се и над 100 парчиња оружје и над 1.000 парчиња чаури и останати компоненти од оружје.

– Овие се постари дрога и оружје собрани во претходните години каде што има завршено правосилни постапки. Во иднина ќе следат уште многу поголеми количини, рече Тошковски.

Упати порака до сите македонски граѓани кои изминатиот период биле подложни на одредени криминални банди во реоните на Скопје, Западна Македонија, Југоисточниот дел на државата, дека со нивно решавање запленети се количини нелегална дрога и оружје кои во иднина ќе бидат уништени.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски