Се гранатираат училишта и болници во Газа, ниедно место не е безбедно

Од:

Десет згради на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), вклучувајќи седум училишта и две болници кои моментално се користат како засолништа за илјадници раселени бегалци, беа погодени во последните воздушни напади врз Газа.

– Бевме принудени да ја прекинеме здравствената заштита во Бич Камп, единствениот здравствен објект достапен северно од Појасот Газа. Нашите витални услуги за вода и санитација сега се само со половина капацитет, изјави директорот на UNRWA, Филипе Лазарини.

Тој рече дека ниту едно место во Газа не е безбедно и дека израелските воздушни напади на север од енклавата и градот Газа продолжуваат.

Тој додаде дека вкупно 11.000 вработени на UNRWA продолжуваат да обезбедуваат услуги во други делови од енклавата.

„Тие се посветени на служење на своите заедници и покрај сите пречки, додека живеат во најнехумани околности. Нивната решителност и покрај најнехуманите околности е инспирација. Уште колку време ќе помине пред да се преземат мерки за постигнување прекин на огнот?“, напиша Лазарини.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран