Една од најпрестижните велосипедски трки во светот, Вуелта, беше прекината поради обновени немири од пропалестинските протести, принудувајќи ја последната етапа да заврши 57 километри пред целта во Мадрид.
Трката, која беше прекинувана речиси секојдневно три недели, заврши со победа на Данецот Јонас Вингегор.
„Сè уште не е познато дали ќе има церемонија за прогласување на победникот со оглед на моменталната ситуација, со илјадници демонстранти кои го исполнија центарот на Мадрид. Трката е официјално завршена и Јонас Вингегор е победник“, објавија организаторите.
Последната етапа, долга 111 километри, која требаше да се вози од Валдеолмос-Алалпардо до Мадрид, беше прекината 57 километри пред целта на Пасео де ла Вирхен дел Пуерто од безбедносни причини.
Israel ha perdido en España.
#FreePalestine #LaVuelta25
La Vuelta termina 50 Km antes del punto final.
Palestina gana en Madrid 🇵🇸 pic.twitter.com/gJXcjQW21l— María◽️L▫️ (@marialozano777) September 14, 2025
Етапата беше прекината откако пропалестинските демонстранти предизвикаа обновени немири. На неколку точки по планираната рута на етапата, особено во Гран Виа, во туристичкото срце на Мадрид и во близина на станицата Аточа, тие ги урнаа заштитните бариери и влегоа на патеката. Безбедносните сили се обидоа да ги потиснат, а локалните медиуми објавија дека полицијата употребила и солзавец. Свесни дека нема шанси трката безбедно да се заврши, директорот на трката одлучи да го запре пелотонот.
Пропалестинските демонстранти предизвикаа проблеми во претходните етапи, а нивна главна цел беше израелскиот тим Израел-Премиер Тек.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека „им се восхитува пропалестинските демонстранти“. „Наше почитување и признание за спортистите и наше восхитување за шпанскиот народ кој се мобилизираше за праведни цели како Палестина“, рече Санчез.
Шпанија ја призна палестинската држава во мај 2024 година, а владата на Санчез објави нови мерки насочени кон израелските воени резерви претходно овој месец.
Изабел Дијаз Ајусо, лидерка на конзервативната опозициска Народна партија во Мадрид, рече дека коментарите на Санчез се штетни за шпанскиот спорт. „Кога премерот на една нација поддржува бојкот на Вуелта, во својот главен град, тој станува директно одговорен за секој инцидент што се случува. Каква загуба за нашиот спорт и нашата земја“, напиша таа на X.