Една хоспитализирана пациентка по пожарот во Трубарево, тројца на домашно лекување

Од:

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третирасоодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома.

Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат.

Алиу најави дека Владата попладне на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела.

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска соопшти дека според монитпорингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.

Апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледаат едноставни и обични доколку се почитуваат особено од граѓаните од ранливите групи, со коморбитдитети, хронични заболувања, бремените жени и децата, можат да придоенсат да нема здравствени проблеми.

– ИЈЗ не прави физичко-хемиски анализи, туку ќе спроведе мониторинг на квалитетот на воздухот, почвата и водата, на радијацијата во воздухот. Според нашите анализи и сознанија во моментов нема отстапувања од минимумот на параметрите за радиоактивност во воздухот, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

Во Трубарево поставена мерна станица за квалитетот на воздухот

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола

За пожарот во Трубарево приведени се четворица

Катерина Ѓуровски

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Нема отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот