ВИДЕО: Хутите го нападнаа Израел со хиперсонични ракети

Од:

Хутите од Јемен од бунтовничкото движење „Ансар Алах“ утрово започнаа напад со „хиперсонични балистички ракети“ врз неколку цели во Тел Авив, објави портпаролот на вооружените сили на Хутите, Јахја Сарија.

„Ракетните сили на јеменските вооружени сили спроведоа воена операција, користејќи хиперсонична балистичка ракета Палестина-2 со повеќе боеви глави, која погоди неколку ранливи цели во окупираниот регион на Тел Авив. Операцијата успешно ги постигна своите цели“, изјави претставник на движењето на телевизискиот канал Ал Масира, во сопственост на Хутите.

Израелската армија (ИДФ) објави дека успешно соборила балистичка ракета испукана од јеменските бунтовници Хути во текот на ноќта. Поради воздушниот напад, сирените беа активирани во Тел Авив и други населени места низ целиот централен Израел, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Во моментов нема извештаи за повредени или материјална штета во нападот“, објави израелскиот портал.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел ќе одговори силно и решително на секој напад врз негова територија

Се урна авион на Бахамите, нема преживеани

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

Русија и Кина разгледуваат заеднички мерки против Starlink, меѓу нив и уништување на сателити

Предраг Петровиќ

Демократите бараат блокирање на американскиот воен буџет поради соработката со Израел

Кан: Израел сака да го нападне Иран, но чека зелено светло од Трамп