Туск: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја не бил грешка.

„И ние би сакале нападот со беспилотни летала врз Полска да биде грешка. Но, не беше. И го знаеме тоа“, рече Туск во објава на социјалната мрежа X.

Коментарот на Туск дојде како одговор на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека упадот на руски беспилотни летала во Полска можеби бил грешка.

„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата оваа ситуација. Се надевам дека ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Полска побара од сојузниците дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руски упади по инцидентот претходно оваа недела во кој беспилотните летала што влегоа на нејзина територија од Украина и Белорусија беа соборени од силите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

„Трамп е подготвен да ја заврши војната дури и ако Иран не го отвори Ормузскиот брег“

Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира

Трамп: Голем ден во Иран, уништени се долго барани цели