Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Од:

Владата на Мицкоски, чиј рејтинг вртоглаво паѓа, периодов преку агресивен предизборен поткуп ги користи сите ресурси на државата за да ги спаси своите функционерски фотелји. Левица обелоденува скандалозен тендер, склучен од амнестираниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, каде под наводен договор за симултан превод, еден милион евра државни пари ќе се потрошат за организирање на скапите митинзи на ДПМНЕ, велат од Левица.

– Скандалозниот тендер од еден милион евра го добива струмичка фирма „СМ АРТ ВИЗ АРТ ДООЕЛ” (во сопственост на Петар Божинов), каде во спецификацијата јасно стои дека се изнајмува опрема за озвучување, микрофони, бубици, монитори, осветлување, дим-машини, проектори, односно целосна опрема за организирање партиски митинзи. Јасно е дека владината служба нема никаква рационална потреба за изнајмување скапа опрема за организирање настани и дека овие државни пари незаконски ќе завршат за организирање на предизборната кампања на најбогатата партија во Европа!

За Левица е скандалозно што јавното обвинителство молчи пред очигледната предизборна злоупотреба на државни ресурси и не иницира никаква постапка. Дополнително, очигледно е дека тоталитарните методи на владеење на ДПМНЕ повторно ја заробија Антикорупциска комисија, која наместо да го следи однесувањето на државните институции во предизборниот период, истата е само продолжена рака на партијата на Мицкоски.

Расипничкото расфрлање со речиси милион евра јавни пари од страна на Владата предводена од Христијан Мицкоски, е јасен доказ за најдрска злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Наместо за училишта, болници и реални потреби на граѓаните, се трошат милионски суми за ДПМНЕ да го спаси својот рејтинг, после една година катастрофално менаџирање на власта, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски