А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Кац му порача на Хамас: Ослободете ги заложниците и положете го оружјето или Газа ќе биде уништена

by А1он08/09/2025 - 09:2608/09/2025 - 10:19166
Share0

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац повторно ја повика палестинската милитантна група Хамас денес да ги ослободи преостанатите заложници и да го положат оружјето, предупредувајќи дека во спротивно, Газа и групата ќе бидат уништени. Кац рече дека тоа е последно предупредување до Хамас.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Моќен ураган ќе го погоди небото над Газа денес“, напиша Кац на платформата X.

Кац нагласи дека израелската војска продолжува да ги спроведува своите планови и се подготвува да ги прошири операциите за освојување на Газa.

Израел продолжува со голема офанзива за преземање на градот Газа, каде што околу милион жители се засолниле пред најновите евакуации.

Следете a1on на Youtube YouTube

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека досега повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани од градот Газа.

Израелската војска во последните денови извршува напади врз високи згради во градот Газа откако издаде предупредувања за евакуација, тврдејќи дека зградите ги користи Хамас.

Gazahamasizraelizrael kac

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:54

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски19/08/2026 - 07:1319/08/2026 - 07:15

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Горан Наумовски18/08/2026 - 22:29

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Горан Наумовски18/08/2026 - 22:27

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Горан Наумовски18/08/2026 - 22:06

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео