Бев отпуштен затоа што Вучиќ не можеше да ја контролира единицата, се огласи разрешениот командант на САЈ

Од:

Командантот на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) на МУП на Србија, Спасоје Вулевиќ, потврди дека е разрешен од функцијата командант на САЈ и дека се пензионира по сопствено барање, а ја откри и причината.

Вулевиќ за агенцијата Бета изјави дека во четврток е усвоена нова систематизација на работните места и дека во петок бил информиран дека повеќе не се смета за командант, бидејќи не е под контрола на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„По завршувањето на воената гимназија и воената академија, поминав 33 години во САЈ. Почнав како обичен припадник на единицата, поминав низ сите командни линии, а од 2005 година сум командант на единицата. Во петок, на 5 септември, бев разрешен и ми беше понудена позицијата советник на министерот. Ја одбив таа понуда и на мое барање се пензионирам“, рече Вулевиќ, пренесува ТВ Н1 Србија-

Тој изјави дека за разрешувањето бил информиран од министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ.

„Во четврток беше донесена нова систематизација, а кога ќе биде донесена новата систематизација, мора да се донесат нови одлуки за сите членови на Полициската управа. Прво, се носат одлуки за команданти и началници. Дачиќ и Васиљевиќ ме повикаа и ми рекоа дека не сметаат на мене бидејќи, како што рекоа, претседателот (Александар Вучиќ) не сака да има вооружена формација која не е под негова апсолутна контрола и поради тоа јас повеќе не можам да бидам командант“, рече Вулевиќ.

Тој додаде дека Дачиќ му ја понудил позицијата советник на министерот.

„Размислував за тоа и решив да не ја прифатам таа понуда, решив да се пензионирам предвреме“, рече Вулевиќ.

Би можело да ве интересира

Пицула му одговор на Вучиќ: Не е точно дека доаѓаме непоканети

Вучиќ откри кој му е омилен опозиционер

А1он

Европратениците не се поканети во Србија, не и мислат добро на земјата, нема да се среќавам со нив, вели Вучиќ

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември

А1он

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните

Вучиќ навести кој може да биде нов сопственик на Нафтената индустрија на Србија