(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

Од:

„Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ“ рече на прес-конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Вели дека „студентите знаат дека мерката студентски оброк е мерка на СДСМ, и последен пат во 2023 година, износот беше зголемен од 120 на 140 денари. Но, оттогаш цените пораснаа многу побрзо. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година трошоците на животот се зголемени за 4,5% во споредба со лани. Оваа аритметика е едноставна: кога менито поскапува побрзо од оброкот, секоја непроменета година е фактичко кратење“.

„Не може да има пари во најголемиот буџет во историјата за папаја, манго и луксузи на функционерите, а за студентите да нема пари. СДММ бара зголемување на сумата за студентски оброк на 160 денари. Бидејќи власта не ги есапи студентите бараме системско решение: автоматска индексација според цените на храната или јасна формула за годишно усогласување. Наместо папаја и манго за функционерите, власта нека обезбеди средства за студентите“ рече Стојчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски