Македонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди

Од:

Македонски Телеком ја продолжува комуникациска платформа #НаправиМесто којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање и прифаќање. Оваа година, фокусот е ставен на надминувањето на предрасудите коишто градат бариери и создаваат ѕидови меѓу луѓето.

Новиот спот, во кој се појавува популарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството коешто нѐ опкружува.

Наративот на оваа кампања е базиран на отвореноста на детскиот ум којшто со нетрпение чека да го запознае светот и потсетува колку се важни вредностите што ги стекнуваме како деца.

Создавањето на вредностите започнува од најмали нозе и тие треба да бидат базирани на почит, толеранција и вистинска конекција. Намалување наместо истакнување на разликите.

Зближување наместо создавање граници. Секој лош збор, секој охрабрен стереотип и секое погрешно верување може да биде болка во нечиј животот.

Aма и секој кренат глас, секоја добра мисла и секој хуман гест можат да бидат пример којшто ќе покаже дека предрасудите и стереотипите можат да се победат.

Новата кампања повторно повикува на вистинско поврзување и рушење на бариерите.

Со адресирање на предрасудите и повикот за нивно надминување, Македонски Телеком како бренд продолжува да работи на градење вистинска поврзаност помеѓу луѓето.

Креативниот концепт за оваа кампања е на маркетинг агенција Saatchi&Saatchi, дел од Publicis Skopje, а продукцијата е на Сектор филм.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он

Нина Ангеловска и Садула Дураку ќе седнат во бордот на Телеком, Стојанче Ангелов в.д. директор на Центарот за управување со кризи

Жарко Настоски