ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

Од:

Бујар Османи продолжува со истата матрица, секоја критика за криминалот на ДУИ да ја претставува како „поттик на поделби“. Вистината е сосема спротивна: поделбите и неправдите во државата настанаа токму поради СДСМ и ДУИ и нивната власт заради криминалните тендери, корупцијата и злоупотребата на институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бујар, Артан, Заев, Али и Филипче се коалиција на злото која ја жртвува Македонија за да ја ограбат државата и народот. Кога ќе бидат фатени со рацете во медот, Османи и неговите колеги се кријат зад етнички теми. Но Албанците не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да зборува во нивно име. Албанците во Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно од она што го нудат Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев. Затоа, колку и да се обидуваат да ја претворат борбата против криминалот во „етничко прашање“, тие добро знаат дека нема да успеат. Народот кажа јасно: криминалот не се исплати, а ДУИ и СДС се минато“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија