ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против лустрацијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, наведува дека таа партија повторно докажа дека е против лустрацијата и оти не сака да се дознае вистината, ниту за тоа кои биле жртви, ниту за оние кои кодошејќи ги своите пријатели, комшии, колеги и останатите успеале финансиски да се збогатат или да напредуваат во кариерата.

На таков начин не само што го отежнувале и загрозувале животот на луѓето околу себе, туку биле и пример за вредносен систем во кој кодошењето, лагите, превртливоста и подмуклоста биле основни и поздравени карактеристики. Токму таков извртен вредносен систем штити СДСМ до денес. Додека се во опозиција лажат дека се грижат за луѓето, ветуваат невозможни работи, вработувања за секого, а кога се на власт ниту нешто исполнуваат од ветеното, ниту си стојат на дадениот збор, стои во реакцијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, се грижи за граѓаните.

Само денес беше промовирана мерка за 4.000 нови вработувања, толку колку што СДСМ за време на цел мандат не оствари. Напротив во време на СДСМ се губеа илјадници работни места. Наместо да се закануваат треба конечно да разберат дека лажењето, превртливоста и кодошењето не е вредносен ситем на кој треба да му се восхитуваат, да го штитат и применуваат до денес, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, како што се истакнува, не планира да го коментира процесот на лустрација, туку го повикува СДСМ, членовите на СДСМ и сите граѓани да ги прочитаат досиејата кои се објавени на интернет и да видат како функционирал систем, во кој само заради различно размислување и убедување, биле загрозувани човековиот живот и судбина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“