Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка во Кавадарци, потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето е починато, појасни доктор Паракеов.