Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, под услов на состанокот навистина да се одлучи нешто, вели Лавров

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде интервју за американската телевизиска мрежа NBC, а повремено имаше и жестоки расправии со новинарката Кристен Велкер за време на разговорот, кој беше емитуван во живо на телевизија.

„Кристен, Кристен, навистина ми е жал, но не ме слушате. Примитивизмот на прашањето, го поставувате истото прашање одново и одново. Дали го прочитавте Меморандумот од Будимпешта?“, праша Лавров, на што новинарката, по кратко двоумење, одговори потврдно.

Рускиот министер за надворешни работи потоа рече дека му се чинело дека новинарката не го прочитала документот.

Продолжувајќи го интервјуто, Сергеј Лавров забележа дека двајцата „се вртат во круг“, алудирајќи на остри прашања на новинарката, а потоа ѝ го кажа следново:

„Кристен, Кристен, немојте да бидете како Зеленски“, рече тој додека новинарката се обидуваше да постави прашање.

Лавров во интервјуто рече дека Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, под услов на состанокот навистина да се одлучи нешто.

– Средбата само за Зеленски да има уште една шанса да се појави на сцената не е она што го сметаме за корисно, рече Лавров.

Тој рече дека Украина е таа што го попречува мировниот процес, заедно со европските лидери за кои Лавров рече дека „не сакаат мир“.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“