ДУИ: Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот

Од:

Денешните изјави на премиерот Мицкоски не се само чисти клевети и неуспешен обид да се сокрие кризата на легитимитет на неговата моноетничка влада, туку и опасни, бидејќи претставуваат поттик за етнички судири. ДУИ отсекогаш била гаранција за слободни и демократски избори и нема никаква причина да се вклучи во „тајни планови“ или „хаос“, како што тврди Мицкоски, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција.

„Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот, зошто ги дискриминира Албанците, зошто спротивно на Уставот и законот го намали бројот на советници, зошто ја инструментализира ДИК, Уставниот суд и другите институции во служба на неговите партиски и моноетнички планови и зошто со секоја одлука ја враќа државата назад во времето пред 2001 година. ДУИ не може да остане рамнодушна кога се гази Охридскиот рамковен договор, кој е клучен за стабилноста на земјата и нејзината прогресивна иднина.

Кој соработува со СДСМ, граѓаните видоа и вчера, кога ВМРО и СДСМ ги здружија гласовите за да го дискриминираат претставувањето на дијаспората во нашите општини. Добро е ВМРО и СДСМ да ја прекинат нивната соработка на штета на Албанците и другите заедници, на штета на Охридскиот договор и спротивно на Уставот и законите.

Октомвриските избори ќе бидат тест на граѓанската волја, ќе бидат референдум на кој граѓаните ќе ја казнат политиката на страв, манипулации, демонтажа на мултиетничката држава и поделби. Демократијата не се плаши од вакви невистинити изјави – ниту Албанците, ниту Македонците не заслужуваат да бидат водени од клевети и лажни сценарија. А каде ќе биде ДУИ, тоа зависи единствено од народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата