ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Од:

Зелената партија ДОМ категорично го отфрла новиот нацрт-закон за Рударство предложен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Наместо да поставува линии за стратешки развој, овој закон е директна закана за животната средина, здравјето на граѓаните и демократските принципи на одлучување, се вели во соопштението од ДОМ.

„ДОМ цени дека ова законско решение силно ја централизира моќта во Владата, дозволувајќи ѝ да прогласува минерали за „стратешки“ без јавна дебата и учество на граѓаните и граѓанките. Спорна е и можноста за дозволување на концесии до 60 години, како и овозможување на експропријација на приватно земјиште, што ќе претставува правна основа за удар врз имотните права. Со предложените одредби ќе се врши и привилегирање на државни и странски компании, без спроведување на јавен повик. Особено загрижува воведување на можност за користење на опасни технологии во постојните рудници, како и признавањето на загадување, но не и понуда на механизми за превенција. ДОМ оценува дека моделот на „управување со ризик“, не преставува правен механизам за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните и граѓанките.

Ова законско решение не е во јавен интерес, туку истото е насочено и дизајнирано за задоволување на корпоративни структури и финансиски интереси, притоа создавајќи остри ризици за здравјето на идните генерации, распродавајќи ја земјата и претворајќи го природното богатство во профит за малкумина.

ДОМ порачува дека Македонија не е ничија лична сопственост, туку таа е наш дом, со планини, реки, шуми и плодна почва, а ние, граѓаните и граѓанките, сме нејзините чувари.

ДОМ апелира до граѓаните и граѓанките активно да се вклучат во јавната расправа, за која преостануваат уште девет дена, односно својот став да го изразат на следниот линк:

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=112244&page&fbclid=IwQ0xDSwMSakljbGNrAxJqQmV4dG4DYWVtAjExAAEeY-L-WfDexkfp_tZ_NsMzOnWxCExszxjhI920OE2SB_1zuufhfBq1iKcKOAE_aem_cQoLKtRZ4xtMF_b18U-Y8g

Затоа што ДОМ е за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите, сметаме дека гласот на граѓаните и граѓанките мора да се слушне, независно од тоа дали некој сака или не, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид