Лавров: ЕУ несмасно се обидува да го промени ставот на Трамп за Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е добро свесна дека Европската Унија се обидува „несмасно“ да влијае на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

Лавров додаде дека Русија „е за сигурни безбедносни гаранции за Украина“, но дека ваквите дискусии не можат да се водат без Москва.

„Сигурен сум дека на Запад, а пред сè во Соединетите Американски Држави, многу добро разбираат дека сериозното дискутирање за безбедносните прашања без Руската Федерација е утопија, пат кон ќорсокак“, рече Лавров.

Тој додаде и дека Вашингтон „сè појасно ги разбира причините за украинската криза“.

Би можело да ве интересира

САД: Времето работи против Киев

Орбан: Во следните 100 години Унгарија нема да одобри членство на Украина во ЕУ

Орбан: Брисел го прифати секое украинско барање, но ние нема да плаќаме

Горан Наумовски

Украина: Русите нападнаа два града, погодија згради и училишта, повредени се деца

Путин: Не се откажувам од украинските региони

Руте: Поддршката од САД за Украина останува непроменета