Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Од:

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 година која изнесува 65.328 денари е зголемена за 179 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 24.064 денари и споредена со месец јули 2025 година (23.682 денари) е зголемена за 382 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114 денари, кај лична хигиена има намалување од 74 денари и кај транспортот е намалена за 16 денари.

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816 денари односно за 4,49 %, додека кај храната и пијалаците има зголемување за 2.584 денари односно за 12,09% .

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за месец декември e 65 492 денари

Предраг Петровиќ

Минималната плата во Република Српска во 2026 година ќе биде од 500 до 725 евра

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите

Бизнис секторот „за“ повисока минимална плата, но стравува од последици по инвеститорите

Намалување на минималната потрошувачка кошница

Катерина Ѓуровски

Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра, покажува анкета на ССМ