Врањеш: Додик останува претседател во полн капацитет

Од:

Амбасадорот на БиХ во Србија, Александар Врањеш, изјави дека Милорад Додик е сè уште претседател на Република Српска во „полн капацитет“, оценувајќи ја моменталната ситуација како политички мотивиран процес и злоупотреба на судските институции за политички цели.

„Целиот процес е исцениран и политички. Тука гледаме злоупотреба на правните институции заради политички пресметки“, рече Врањеш.

Врањеш особено ги критикуваше постапките на таканаречениот висок претставник Кристијан Шмит, нагласувајќи дека неговото доаѓање во БиХ било „целосно нелегално“ и дека со своите одлуки, надвор од уставните процедури, во траење од четири години, тој ефикасно го суспендирал правниот поредок во земјата.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска ќе ја признаат 15 земји неколку дена откако ќе прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик поканет во Вашингтон на молитвениот појадок на Трамп

Додик: Добивме ветувачка стратегија од Америка

Додик: Договорот е основа на сè

Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

А1он

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски