Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Од:

По повеќе од една деценија конечно во јуни беше избран новиот Програмски совет на МРТ. Досегашниот совет, заедно со надзорниот одбор и нивниот генерален директор Марјан Цветковски, владееше со фараонски мандат, претворајќи ја јавната институција во лична банкомат-карта за коруптивно богатење и задушување на автентичната македонска продукција, култура и информирање на граѓаните, велат од Левица.

„Согласно законите, со изборот на нов Програмски совет автоматски требаше да престане мандатот на досегашниот надзорен одбор и вршителот на должноста генерален директор, чиј мандат беше вештачки продолжуван уште од промените на законот во 2017 година. Сепак, и покрај тоа што веќе повеќе од месец и пол дена имаме нов совет, сè уште нема распишан конкурс за генерален директор, а надзорниот одбор останува на функција како да нема правна обврска за избор на нов состав.

Според јавно достапните записници од седниците на новиот Програмски совет, се остава впечаток дека целта е да се опструира промената на раководството преку одолговлекување на процесите со што се наметнува и прашањето за потенцијалната кривична одговорност од ваквото несериозно дејствување и произволно толкување на работните обврски кои произлегуваат од законите. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ продолжува по стапките на веќе функционалните политичко-бизнис шеми кои ги имаат зариено канџите во оваа клучна институција за јавниот интерес – затоа и го охрабруваат незаконското работење на новиот Програмски совет, сѐ со цел да се задржи истата шема на проневери под диригентската палка на тековното нелегитимно раководство на јавниот сервис.

Како партија, будно ги следиме овие случувања и повикуваме јавното обвинителство да го следи процесот, бидејќи не смее во Република Македонија да постојат фараонски шеми кои ги гушат демократските принципи и законските механизми. Апелираме до новиот Програмски совет да се придржува до законските обврски и што побргу да распише конкурс за нов надзорен одбор и генерален директор, за конечно МРТ да се ослободи од долгогодишните стеги и да почне да функционира во интерес на јавноста и македонската култура, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски