Голем пожар на Брач, гори борова шума

Од:

Голем пожар избувна синоќа во близина на селото Ново Село на островот Брач. Сите 43 пожарникари од островот Брач, заедно со 15 возила, се вклучени во гаснењето на пожарот. Според првичните информации, гори густа борова шума.

Противпожарен авион Канадер пристигна на местото на настанот за да помогне во локализирањето на пожарот.

Според првичните проценки, изгорени се околу седум хектари шума.

Пожарникарите работеа цела ноќ за да спречат ширење на пожарот, а ситуацијата сè уште се следи внимателно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски