СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Од:

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот. Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите „божем“ им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци? Вакви фантазии не постојат во македонската економија. Напротив. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја живеат суровата реалност: цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, на прес-конференција.

И официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски.

За само четири месеци вредноста на синдикалната потрошувачка кошница во март порасна 3.473 денари. За да се покрие синдикалната кошничка за едно семејство потребни се речиси 2,7 минимални плати. Ниту просечната нето-плата не го следи растот на цените, во истиот период порасна за само 1.033 денари.

И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот.

Во БиХ минималната плата веќе е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра.

А владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол.

Додека за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, луксузни возила, приватни авиони, папаја и манго на државен трошок.

Според најновите податоци, БДП по глава на жител изнесува само 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ – 19.290 долари.
Тоа е далеку под европскиот просек и доказ за катастрофалната економска состојба.

Тоа е суровата реалност во Македонија со оваа власт.

Додека Мицкоски зборува за „четврта економија во Европа“ и „шеста економија во свет по инвестиции“, реалноста е сосема спротивна.

Македонија е четврта во Европа, но одзади, на листата на најсиромашни земји.

Филмовите на Мицкоски не ја хранат сиромаштијата, не ја плаќаат потрошувачката кошница и не им носат подобар живот на граѓаните.

Таква е реалноста: трошоците секојдневно одат нагоре, а приходите не го следат тој раст Македонија тоне во сиромаштија.

Наместо Нетфликс филмски изјави Владата треба веднаш да ги покачи платите и да ги прифати предлозите на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра и покачување на платите во сите сектори, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски