ВИДЕО: Повредениот Дончиќ ги „почести“ судиите

Од:

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не беше задоволен од судењето на натпреварот против Латвија.

Кошаркарската репрезентација на Словенија загуби од Латвија со 100:88 во подготвителниот натпревар пред Евробаскетот.

Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период, по што не играше.

За време на пријателскиот натпревар на Словенија против Латвија, Лука Дончиќ се повреди во средината на третата четвртина.

Колегата Грегор Хроват падна врз него, предизвикувајќи повреда на коленото на словенечкиот кошаркар.

Ѕвездата на Лејкерси веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон соблекувалната на словенечката репрезентација.

По натпреварот, Дончиќ куцаше кон судиите и ги „почести“ со зборови, но и ја подаде раката додека го напушташе теренот, коментирајќи некои работи.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Англија ја декласира Хрватска со 7:0 и ѝ го нанесе најтешкиот пораз во историјата

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“